Живот
28. October 2015 - 22:13

Не вежбала ни ден, а ослабела 50 килограми

За само 10 месеци загубила 50 килограми, а еве и како...

Лили на Имгур ги објавила своите фотографии пред почетокот на диетата и откако успеала да загуби 50 килограми. И тоа за само 10 месеци.

Не сум лекар. Ја избрав кетогената исхрана. Внесувам околу 20-25 нето јагленихидрати дневно. Всушност, кога вашето тело не може да користи јагленихидрати ги согорува мастите. Меѓу 90 и 95 проценти од мојот внес на јагленихидрати доаѓа од зеленчукот, со големо количество протеини од пилешко, говедско и мисиркино месо. За оние кои бараат причина или мотивација: само почнете и не мамете. Фрлив се од дома. Шлаканицата која ме освести беше кога застанав на вага и сфатив дека имам 30 килограми повеќе отколку што мислев. Ќе си бидете благодарни за една година или за 10 месеци. Верувајте ми. Планирам уште да слабеам", напишала покрај фотографијата Лили.