Македонија
6. December 2022 - 16:39

Не стивнуваат реакциите за изборот на Дамева во Судскиот совет

Силни критики за изборот на новата претседателка на судскиот совет Весна Дамева од правосудската фела.  Дел реагираат на тоа што Дамева доаѓа од редовите на стручните соработници и нема искуство како судија, додека пак, другите негодуваат на нејзината блискост со владејачката СДСМ. Нејзините најави за прочистување на судството од корумпирани кадри ги доживуваат како недоволни и е искрени.

 „Да не се извлечеле поуки од ништо?! А госпоѓата нов претседател на Судскиот совет сама за себе тврди дека има “интегритет, стручност и знаење”?! Мамо спаси ме!“, напиша професорот по кривично право Калајџиев.

Адвокатот Митровски, се сомнева дека изборот на Дамева ќе ја промени партизираноста на судството.

Иако директно без критика за Дамева, од Здружението на судии очекуваат Судскиот совет да се води од нивната анализа за влијание врз судиите.

Не стивнуваат ни партиските реакции. Опозицијата вели Дамева е партиски избор на власта.

Од СДСМ пак, негираат дека Дамева е нивен играч во судството.

Дамева вечера беше избрана за претседател на Судскиот совет откако нејзината претходничка Црвенковска си даде оставка поради притисоци од судско-бизнис елита.