Не се препорачуваат лекови кои не се докажани дека помагаат за Ковид-19
Во однос на конкретни препораки за лекување пациенти заболени од Ковид-19 и во однос на користење терапија имаме пристап. Воопшто не се препорачуваат лековите кои не се докажани дека помагаат за ова болест, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Матичнот лекар, посочи министерот, прави проценка на здравствената состојба индицира одредени анализи, преглед секако и врз основа на состојбата на пациентот препишува терапија.
– До овој момент нема специфична терапија за Ковид-19 никаде во светот. Нема ниту еден лек кој е потврден да биде специфичен за оваа болест. За лекот „Фавипиравир“ се водат близу 30 студии во светот. Лекот „ремдесивирот“ е неспецифичен за оваа болест, но има одредени докази дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, не на преживување. Во смисла на тоа целокупната терапија се препишува и за тоа матичните лекари имаат насоки согласно состојбата, клиничката слика, прегледите, а доколку се укаже или се индицира потреба пациентите се упатуваат во болниците, рече Филипче на прес-конференција.
Во болничките установи, потенцира министерот, станува збор за една организирана и координирана работа во смисла на споделување информации меѓу сите институции во однос на пристапот кон пациентот.
– Но, тоа што има пациенти кои имаат многу широка лепеза, огромен број на манифестации на болеста во смисла на различна клиника слика, сепак остава простор за еден пристап, што значи лекување според клиничката слика односно манифестацијата. Типот на лекување зависи од практично секојдневните анализи што многу често се менуваат и секој следен ден, па зависно од тоа се менува и терапијата и дозите и типот на лекови итн. Така што во таа смисла апсолутно се координирани нашите лекари, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово