Македонија
23. November 2020 - 16:36

Не само ковид - измените на Деловникот предвидуваат он-лајн да гласаат и заразените со други заразни болести

Здравствени причини поради кои и здравјето на другите пратеници би било доведено во ризик, но не нужно КОВИД 19, е условот што треба да се исполни за еден пратеник да може да учествува на седница и да гласа од дома.

Иако поводот е корона состојбата, сепак во измените на Деловникот што ги предлага собранискиот спикер Талат Џафери, а кои се ставени на седница веќе во четврток, зборовите корона или КОВИД воопшто не се споменати. Тоа остава простор пратениците да работат од далечина поради која било друга заразна болест, па дури и обична настинка.

„Доколку присуството на пратеник на седница на Собранието преставува ризик за здравјето на останатите пратеници, пратеникот е должен за тоа веднаш да го извести претседателот на Собранието и да го извести дека на седницата ќе учествува и одлучува од далечина. Пратеникот истовремено  електронски  му доставува на претседателот  документ од надлежен орган со кој потврдува дека не може лично да присуствува на седница на Собранието“, пишува во измените.

Собранискиот спикер е должен другите народни избраници да ги извести за тоа кој од ницвните колеги ќе работат онлајн. Пратеникот, според измените,треба да  вклучи на седницата со видео и звук, или само со звук преку посебна опрема која ќе ја овозможи парламентот, а ќе биде заведен во евидентниот лист како присутен на седницата.

Опозицијата не ги прифаќа ваквите измени за далечинско работење на парламентот. Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса и Алтернатива, Никола Мицевски и Скендер реџепи поради деловничките измени ја бојкотираат и координацијата кај Џафери.

Од владејчаката СДСМ и самите најавува деловнички измени, но тврдеа дека во нив изречно ќе наведат дека онлајн работата ќе биде само за оние кои имаат решение за изолација поради КОВИД 19. Сега велат, дека предлогот на Џафери се поклопуваат со нивнте ставови.

„За Деловникот зборувавме од конституирањето на Собранието на сите координации кај претседателот Џафери. За јавноста нашиот став е јасен, само пратениците во изолација и зарзаените од КОВИД 19 да имаат можност да работата од далечина и тој став се поклопува со предлогот на претседателот Џафери“вели координаторот Митрески и се надева дека сите пратеници ќе ги прифатат измените за пралемтнот да бил функцинален.

Од кабиентот на Џафери не добивме одговор дали и зошто опозицијата не присуствува на координациите и зошто собранискиот спикер не се координарал со опозицијата за измените на Деловникот кој ги предложи.

За измени на Деловникот потребни се 61 глас што власта сама би ги обезбедила доколку сите нејзини пратеници се присутни во салата односно нема ниту еден пратеник во изолација. Дополнилтено,највискиот собраниски акт  вообичаено се носи со политички консензус меѓу власта и опозицијата.