Не го запишувајте вашето дете порано во училиште - Eве зошто
Експертите советуваат да не ги запишувате децата порано во училиште. Според нив, таквите деца како адолесценти ќе имаат поголеми проблеми со концентрација, полоши оценки и помала самоконтрола.
Со желба да му го олеснат животот на детето, многу родители погрешиле што ги запишале своите деца во прво одделение пред седмиот роденден. Истражувачите од Стенфорд Универзитетот тврдат дека тоа е погрешно, а негативните последици се согледуваат подоцна, на 11 години. Таквите деца како адолесценти често имале проблеми со концентрацијата, а имале и полоши оцени и помала самоконтрола. Исто така се зголемува веројатноста дека ќе бидат хиперактивни.
Податоците се посебно важни за земјите кои со закон е пропишано децата да одат порано во училиште. На пример во Велика Британија и САД, децата тргнуваат на пет години, а во Франција и Данска на шест. Во Шведска и Финска, прво одделение се запишува со наполнети седум години.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно