Македонија
28. September 2020 - 16:36

Не функционира услуги.гов.мк

Во дигитално време на веб страницата www.uslugi.gov.mk не може да се направи ниту профил за да се побара услуга од државните инстиуции. По завршувањето на целата постапка за креирање нов налог, на вашата емаил адреса нема да добиете повратна порака каде треба да го потврдите профилот. А, потоа, вашиот емаил е заклучен во наредните 24 часа.

Министерот за информатичко  општество нема одговор како граѓаните треба да направат налог на веб страница, само кажа дека биле во фаза на собирање информации од сите други институции.

-Како ние да направиме налог?

-Слободно и овие ваши забелешки, на мојот личен мејл кој е објавен на страната на министерството. Овде ги повикувам сите граѓани и сите медиуми зошто така сите заедно може да постигнеме подобри резултати, рече министерот Јетон Шаќири.

И денеска гужви пред матично. Граѓаните се жалат дека многу долго се чека за вадење изводи.

Од матично пак, велат дека причината е пожарот кој се случи во Секретаријатот за европски прашања. За 10 дена добиле 2.000 барања од странки, плус 1.700 од внатрешноста кои бараат изводи од подрачното одделение во Скопје. Од Матично велат дека за два-три дена решени се речиси 70 отсто од онлајн барањата.

www.uslugi.gov.mk треба да го упрости добивањето услуги од администрацијата. Владата досега неколку пати се фалеше дека граѓаните преку порталот ќе ги намали гужвите на шалтерите. Но, иако на страницата пишува дека достапни се над 760 услуги, доколку немате налог не можете да побарате ниту една.