Бизнис
15. August 2016 - 19:40

НБРМ: 60% од сите работници во земјата земаат плата помеѓу 8 и 20 илјади денари, а 1,2% над 40 илјади

Зголемен број на  вработени,  раст на нивните плати , но и  поголемо задолжување кај домаќинставта.   Според извештајот  за финансиска стабилност на Народната банка во 2015 та година бројот на вработени се зголемил за 2,3%, за што придонес имаа  влезот на странските компании, владините мерки за зголемување на вработеноста , политиките за субвенционирање на земјоделското производство, јавно финансираните инфраструктурни проекти и евтините кредити од Европската инвестициска банка, наменети за малите и средни претпријатија. . Лани, просечната стапка на невработеност се намали за 2 проценти поени, додека стапката на вработеност се зголеми за 0,9 проценти поени.

Постојано се зголемува и долгот на домаќинставта.   Неговата стапка на раст во 2015 година изнесува  13,5% и е повисока за 1,2 процентни поена во однос на 2014 година. Сепак, нивото на задолженост на домаќинставата , мерено според учеството на долгот во БДП е меѓу пониските  споредбено со земјите членки на Унијата.

Задолжувањето може да расте, но не треба да се занемарат ризиците за  натамошен раст, пред се кај домаќинставта кои имаат пониски примања. Најмногу , дури 56% од домаќинствата,  должат   лицата со нето плата од 30 илјади денари., се наведува во извештајот .

Домаќинствата  најмногу бараат потрошувачки кредити (– 57,6%.)  Следни  се станбени . Од аспект на рочноста, сите, или над 98%  се долгорочни. 

Показателот со кој се мери способноста на домаќинстава за отплата на долгот забележа подобрување. , исто како и квалитетот на долгот, што се гледа од помалите стапки на раст на нефункционални кредити.

Во 2015 година, растот на расположливиот доход на домаќинствата забави во однос на претходната година.

Според висината на просечната нето- плата, околу 60% од вработените  примаат нето-плата  од 8.000 до 20.000 денари, што е под просечната палта  за 2015 година. Наспроти ова, само 16,2% од вработените имаат плата еднаква или поголема од просечната месечна нето-плата. Од друга страна, во категоријата највисоки месечни примања (над 40.000 денари) спаѓаат само 1,2% од вкупните вработени лица.   Сепак, втора година по ред, стапката на штедење има позитивна   вредноста , каде заштедите на домаќинстава  во банките стигнале до 3,5 милијарди евра, што е раст од 4,3%.