Кошарка
18. December 2017 - 11:37

НБА:Торонто подобар од Сакраменто

Еден од најинтересните дуели ноќеска во НБА лигата го одиграа Торонто и Сакраменто на кој канаѓаните ја оправдаа улогата на фаворит и славеа со 109-93.
Најефикасен во домашниот тим беше Демар Дерозен со 21 поен и пет додавања го предводеше Торонто до 20. победа во сезоната. Кајл Лаури уфрли 16. поени, плус 7.асистенции и 5 скока, а „двоен" беше Јонас Валанчунас со 13. ооени и 16 скокови.
Србинот Богдан Богдановиќ имаше одлично издание кое го заокружи со 18. поени, пет асистенции и три скока, а исто толкав број на поени за Кингс (скор 9/20) имаше и Гарет Темпл.