Кошарка
16. April 2018 - 10:05

НБА:Со добра одбрана Индијана го изненади Кливленд

Индијана направи изненадување на гостувањето кај  Кливленд во плеј-офот од НБА лигата додека Хјустон и Оклахома ја искористија предноста на домашниот терен, во првите натпревари од плејофот во НБА лигата.

Индијана го декласира Кливленд 98:80 и стекна почетна предност во серијата против вицепрвакот. Ова е прв пат Леброн Џејмс плејоф серија да започне со пораз.

Кливленд немаше решение за одбраната на Индијана и брилијантниот Виктор Оладипо кој со 32 поени, шест скока и по четири асистенции и украдени топки го предводеше својот тим. На спротивната страна Џејмс забележа трипл-дабл од 24 поени, 12 скока и 10 асистенции.