Кошарка
22. March 2021 - 11:05

НБА:Фантастична партија на Дончиќ против Портланд

Кошаркарите на Далас маверикс го декласираа Портланд со 132:92, изминатата ноќ во НБА-лигата.
 
До победата во Портланд, Маверикс ги предводеше Лука Дончиќ со 37 поени, седум скока и четири асистенции. Словенецот постигна осум тројки од девет обиди, со што го израмни личниот рекорд.
 
Покрај Дончиќ, уште петмина кошаркари на Далас постигнаа двоцифрен број поени.
 
Кај Портланд се истакнаа Лилард ос 19, односно Трент со 16 и Литл со 14 поени.