Кошарка
8. April 2016 - 9:42

НБА: „Вориорс“ победија во дербито со С.Антонио

Кошаркарите на Голден Стејт славеа во дербито против Сан Антонио 112:101 и ја забележаа 70-та победа во сезоната. Актуелните шампиони доколку победат на последните три натпревара ќе го соборат рекордот на Чикаго од 1995/96 (72 победи и 10 порази). До крајот на сезоната Голден Стејт ќе гостува во Мемфис и Сан Антонио, а во последниот меч од регуларниот дел од сезоната ќе го пречека Мемфис.
 
Екипата на Стив Кер против главниот конкурент за титулата одигра исклучително ефикасно, а Сан Антонио пристоен пораз избори во финишот кога стартните петорки на двата тима не беа на теренот.
 
Стратегот на Спарси, Грег Поповиќ, пред еден месец, кога тимовите играа во Сан Антонио, успеа да го задржи Стеф Кари, но овојпат бекот на шампионот беше речиси незаприлив, тој постигна 27 поени (11/19 од поле). Ефикасен беше и Харисон Барнс (21 поен), додека Дрејмонд Грин имаше учинок од 18 поени, шест скокови и седум асистенции.
 
Во редовите на гостинскиот тим само Кавај Ленард беше расположен за игра, најдобриот дефанзивец во лигата постигна 23 поени.
 
Хјустон и Чикаго пред почетокот на сезоната беа најавувани како тимови кои ќе се борат за висок пласман, но на три натпревара до крајот на сезоната овие два тима на минимум ги сведоа своите шанси за настап во плеј офот.
 
Хјустон загуби од Феникс 115:124, додека Чикаго загуби во Мајами 106:98. Хјустон сега има скор 38-41 и ќе мора да победи на преостанатите три средби, но во исто време и ќе очекува Далас (40-38) и Јута (39-39) да загубат некој натпревар.
 
Чикаго е деветти на Истокот (39-40), а пред него се Детроит (42-37) и Индијана (42-36).