Кошарка
10. January 2017 - 8:54

НБА: Триумф на Њу Орлеанс во Њујорк

Кошаркарите на Њу Орлеанс ја постигнаа 15.та победа сезонава во НБА лигата откако ноќеска славеа на теренот на Њујорк во Медисон Сквер Гарден со 110:96. Најзаслужен за триумфот беше Антонио Дејвис, кој за 29 минути постигна 40 поени со 18 скокови. Но, поради повреда мораше порано да замине во соблекувалната.
На другите два дуела одиграни ноќеска Оклахома Сити го совлада Чикаго на гости со 109:94, а Расел Вестбрук постигна 21 поен, со 9 скокови и 14 асистенции. 
Единствената победа за домаќините ја постигна Минесота против Далас 101:92.