Loading Video...
Кошарка
31. October 2019 - 20:17

НБА: Тепачка во Филаделфија

Во НБА лигата наместо добрата игра на неколку натпревари вниманието го привлече големиот инцидент што се случи во Филаделфија каде гостуваше екипата на Минесота. 

Жесток судир се случи  помеѓу центарот на домашните Џоел Ембид и Карл Таунс од Минесота. 

Само благодарение на присебноста на останатите  актери на теренот беше спречен поголем инцидент по што  Ембид и Таунс беа исклучени и ги очекуваат драстични казни. 

По нивните цврсти дуели на теренот, започна турканица, а потоа и голема тепачка. Сепак, останатите играчи кои беа на теренот брзо ги разделија и спречија поголем инцидент.