Кошарка
10. May 2018 - 16:47

НБА: Среќниот Бостон во финалето на Истокот

Кошаркарите на Бостон се пласираа во финалето на Источната конференција во НБА лигата со резултат од 4-1 во победи против Филаделфија и ќе играат против Кливленд кој беше поуспешен од Торонто.

Филаделфија повторно испушти победа бидејќи на 90 секунди пред крајот водеше со 109-105. Селтик сепак се созеде  и со кошевите на АлХорфорд и Маркус Смарт обезбеди израмнување . Пресуди грешката на Шариќ на 37 секунди пред крајот по што Тејтум донесе водство за домаќините на 22 секунди до крајот .

Некколку нови промашувања на Филаделфија само ја олеснија задачата на Бостон да забележи победа во 5 меч од полуфиналето.  

Тејтум беше најдобар кај Бостон со 25 поена додека во редовите на гостинскиот тим се истакна Шариќ со 27 поени и 10 скока.