Кошарка
27. March 2019 - 11:26

НБА: Сакраменто подобар од Далас

Кошаркарите на Сакраменто ја продолжуваат битката за плејофот оваа сезона. Кингси, по победата во Далас 125:121, имаат 37 победи и 37 порази во сезоната, додека Далас се на 29 победи и 45 порази.

Сакрамњнто до победа го предводеа Диерон Фокс со 23 и Херисон Барнс со 18 поени. Кај Далас се истакна Лука Дончиќ со 28 поени, 12 скока и 12 асистенции. Словенецот го забележа својот седми трипл-дабл оваа сезона.

Дончиќ го стигна Меџик Џонсон на третото место, според бројот на трипл-дабл натпревари во руки сезоната.