Кошарка
9. November 2017 - 10:13

НБА: Продолжува серијата победи на Бостон

Кошаркарите на Бостон ја постигнаа и 10.та победа во низа откако ноќеска славеа на домашен терен против ЛА Лејкерс. Арјон Бејнс постигна рекордни 21 поен (во кариерата), додека Кајри Ирвинг имаше 19 поени.
Шампионот Голден Стејт во победата над Минесота во третиот период постигна 44 поени и се проби на првата позиција на Западната конференција. Клеј Томсон постигна 28 поени, а Стеф Кари 22.
Андре Драмонд за Детроит против Индијана имаше 21 скок.
 
 
Резултати:
Детроит - Индијана 114:97,
Орландо - Њујорк 112:99,
Бостон - ЛА Лејкерс 107:96,
Феникс - Мајами 115:126,
Голден Стејт - Минесота 125:101.