Кошарка
10. May 2017 - 10:21

НБА плејоф: Сан Антонио поведе со 3-2 во победи против Хјустон

 
 Екипата на Сан Антонио поведе со 3-2 во победи против Хјустон во разигрувањето, односно плејофот во НБА лигата. 
 
Кошаркарите на Сан Антонио до третиот тиумф во полуфиналето од Западната конференција против Хјустон стигнаа со синоќешната победа на домашен терен и тоа по продолженое со 110:107 откако регуларниот дел заврши нерешено 101:101.
 
„Потковиците“ до оваа победа ги предводеше Кавај Ленард со „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 15 скокови, додека кај гостите, а воедно и на натпревраот најефиксен беше Џејмс Харден кој средбата ја заврши со „трипл-дабл“ од 33 поени, а имаше и по 10 скокови и асистенции. 
 
Следниот четврти меч на програмата е во петок (12 мај) наутро во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се игра во Хјустон. 
 
Победникот од овој дуел во финалето ќе игра против Голден Стејт. 
 
Во финалето пак на „Истокот“ актуелниот шампион Кливленд го чека исходот од пресметката меѓу Бостон и Вашингто дуел во кој моменталниот резултат е 2-2 во победи.