НБА: Петто финале за „Вориорс“
Голден Стејт Вориорс се пласира во големото финале во НБА-лигата, каде ќе ја брани титулата освоена минатата година. Во финалето на Западот, Голден Стејт со чисти 4-0 го елиминира Портланд Трејлблејзерс. Вориорс се избори за своето петто последовно финале во НБА-лигата.
Натпреварот број 4 во Портланд, Вориорс го реши во продолжението со 119:117 кога во регуларниот дел немаше победник (111:111).
Вориорс на овој меч играше без Андре Игудала, што само ја зголеми листата на повредени, на која веќе се наоѓаат Демеркус Казинс и Кевин Дурент, но уште еднаш покажа зошто е една од најдобрите генерации во историјата на лигата.
Актуелните шампиони успеаја да го преживаеат и Мајерс Ленард. Крилниот играч на Портланд, кој во просек имаше пет поени од натпревар во плејофот, во четвртиот меч на Вориорс му уфрли 25 поени во првото полувреме.
Портланд на 100 секунди до крајот имаше 111:108 кога Клеј Томпсон погоди тројка и го однесе мечот во дополнителните пет минути. Таму блесна Дрејмонд Гри, на 38 секунди до крајот тој ја постигна решавачката тројки.
Стеф Кари и Дрејмонд Грин од Голден стејт мечот го заврши со по трипл-дабл, што е прв ваков случај во историјата на НБА-лигата соиграчи да стигнат до вакви остварувања на ист натпревар.
Кари забележа 37 поени, 13 скока и 11 асистенции, а Грин 18 поени, 13 скока и 11 асистенции.
Кај Портланд Мајерс, Ленард постигна 30 поени, на кои придодаде 12 скока, но во завршницата не доби ниту еден шут од соиграчите. Демијан Лилард забележа 28 поени и 12 асистенции, а Си Џеј Мекалум постигна 26 поени.
Ворирос титулата ќе ја брани против Милвоки Бакс или Торонто Репторс, резултатот во оваа серија е 2-1 за Милвоки.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.