Кошарка
10. March 2017 - 12:29

НБА: Оклахома во дербито го надигра С.Антонио

Во дербито на вечерта во НБА лигата екипа на Оклахома славеше во дуелот со Сан Антонио 102:92. Расел Вестбрук имаше учинок од 23 поени, 13 скокови и 13 асистенции. Вестбрук го забележа 31-от трипл дабл во сезоната и на вечната листа се израмни со Вилт Чембрлен. Инаку прв на листата со најмногу трипл дабл учиноци во една сезона е Оскар Робертсон (41).
 
Сан Антонио го предводеше Каваи Ленард со 19 поени, еден помалку постигна Пау Гасол, а Ламаркус Олдриџ заврши со 17 поени.
https://