Кошарка
28. November 2016 - 9:27

НБА: Ново шоу на Харден

Кошаркарите на Хјустон славеа во Портланд со 130-114 а гледачите можеа да видат ново шоу на Џејмс Харден кој постигна 38 поени, со 10 асистенции, два скока и две украдени топки. 

По поразите од Голден Стејт , Лејкерси се вратија со победа против Атланта со 109-104 додека Далас беше подобар од Њу Орлеанс со 91-81.

Одлична вечер имаше и Демаркус Казинс кој го предводеше Сакраменто со 37 поени и 11 скокови до триумфот над Нетси во Бруклин од 122-105. Победа на Флорида во дуелот со Орландо од 104:96 оствари Орландо.