-->
-->
НБА: Не издржа обвинението против Роуз
-->
Кошаркарот Дерик Роуз и двајца негови пријатели се ослободени од обвинувањата за силување на поранешната девојка на Роуз.
Девојката во тужбата навела дека Роуз, заедно со двајца свои пријатели, во август 2013 година најпрвин ја дрогирал, а потоа и силувал.
Поротата во Лос Анџелес пресудата ја донела по четири часа, откако утврдила дека немало доволно докази со кои девојката би го докажала своето тврдење.
„Изгледаше како да си поигрува со нас. Секогаш кога адвокатот ќе ја прашаше нешто, таа ќе заплачеше. Тоа би можело да биде реално, но многу добро можам да ги проценам луѓето и почувствував дека таа лаже“, рекол еден од портотниците.
Дерик Роуз е вистинска ѕвезда во НБА лигата, иако по серијата повреди неговата кариера се движи по надолна линија. Роуз во 2008 година како прв пик на драфтот беше избран од Чикаго, а во 2011 година ја доби МВП наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.
Роуз во новата сезона ќе го носи дресот на Њујорк, откако по осум години реши да го напушти Чикаго.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем