Кошарка
8. јуни 2021 - 10:08

НБА: Милвоки немоќен против Бруклин

Кошаркарите на Бруклин Нетс ги декласираа Милвоки Бакс со 125:86 и поведоа со 2-0 во полу-финалната серија, во Источната конференција. Без Џејмс Харде, Нетс, ја забележаа најголемата победа еден плеј-оф натпревар, во историјата на франшизата.

Предводени од Дурент, Ирвонг и Грифин, Бруклин Нетс во првата четвртина ја најавија победата. Воведната четвртина Нетс ја добија со предност од 17 поени, а на полувреме водеа со 65:41.

Кевин Дурент го предводеше својот тим со 32 поени, Кајри Ирвинг забележа 22 поени, пет скока и шест асистенции, Џо Херис и Блејк Грифин уфрлија по 13 поени.

Најдобра кај Милвоки беше Јанис Адетокумбо со 18 поени и 11 скокови.

Серијата сега се сели во Милвоки, третиот меч на програмата е за три дена.