Кошарка
9. February 2016 - 9:41

НБА лига: Три гостински победи по продолженија

Во НБА лигата ноќеска се одиграа десет натпревари, а на три од нив победниците беа решени по продолженија.
 
Орландо успеа да ја совлада Атланта, додека Портланд беше поуспешен од Мемфис. ЛА Клиперс во дополнителните пет минути го „скрши“ отпорот на Филаделфија.
 
Убедливи победи остварија и водечките екипи од „Исток“ Кливленд и Торонто.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели: 
Атланта – Орландо 110:117 (продолжение), 
Мемфис – Портланд 106:112 (продолжение), 
Филаделфија – ЛА КЛиперс 92:98 (продолжение),
Кливленд – Сакраменто 120:100, 
Детроит – Торонто 89:103, 
Шарлот – Чикаго 108:91, 
Индијана – ЛА Лејкерс 89:87, 
Бруклин – Денвер 105:104, 
Минесота – Њу Орлеанс 102:116 и 
Феникс – Оклахома Сити 106:122.