Кошарка
2. May 2018 - 10:02

НБА: Кливленд започна со победа во Торонто

Кошаркарите на Кливленд направија брејк на стартот од полуфиналната пресметка во источната конференција откако победија во продолжение во Торонто. 

Радоста од 113-112 на теренот на Рапторс ја донесе извонредниот Леброн Џејмс со 26 поени, 13 скока и 11 асистенции. 
Торонто водеше во текот на поголемиот дел од мечот но во последните 5 минути Рапторси се изнапромашуваа па Џејмс донесе израмнување и дополнителни 5 минути во кои Кливленд ја искористи шансата за победа.