Кошарка
26. November 2015 - 11:57

НБА: Клиперси во криза

Ноќта помеѓу средата и четвртокот донесе нови 12 натпревари во НБА лигата кои ги одбележаа победите на Сан Антонио, Торонто и Детроит, како и седмиот пораз на последните осум натпревари на кошаркарите на ЛА Клиперс.
 
Торонто, во дербито на Истокот, славеше над Кливленд со 103:99. Целата стартна петорка на Торонто постигна двоцифрен број на поени, а десеттиот триумф најефикасни беа Кајл Лаури со 27 и Демар Дерозан со 20 поени.
 
Кливленд го предводеа Леброн Џејмс (24 поени, 6 скока, 8 асистенции) и Кевин Лав (21 поен, 13 скокови), додека по 15 кошеви постигнаа Џеј Ар Смит и Мо Вилијамс.
 
Детроит благодарение на брилијантниот центар Андре Драмнод славеше над Мајами (104:81). Драмонд натпреварот го заврши со 18 поени, 20 скокови и пет блокади.
 
Кави Ленард го реши дербито на Тексас со тројта која ја постигна на 15 секунди до крајот на мечот. Во победата на Сан Антонио над Далас (88:83), Ленард постигна 27 поени.
 
Оклахома славеше над Бруклин со 110:99. Кевин Дурент и Расел Вестбрук заедно искомбинираа 57 поени. Дурент постига 30, а Вестбрук 27 поени.
 
ЛА Клиперси се наоѓаат во голема криза откако го загубија седмиот од последните осум натпревари. Јута славеше над тимот на Док Риверс, во центарот „Стејплс“ со 102:91. Клиперси загубија иако Блејк Грифин стигна до сезонскиот рекорд од 40 поени. Кај победникот најефикасен беше Гордон Хејвурд со 33 поени, од кои 14 постигна во последната четвртина.
 
Промената на тренерот во Хјустон не донесе позитивни промени во овој тим. „Ракетите“ загубија од Мемфис (92:103) и го запишаа десеттиот пораз во 15-от меч сезонава.
 
Џеф Грин со 20 и Марк Гасол со поен помелку го предводеа Мемфис кој има скор од девет победи и седум порази. Кај Хјустон блескаше Џејмс Харден со 40 поени.
 
Руди Геј постигна 36 поени, а Сакраменто славеше во Милвоки со 129:118. Орландо го победи Њујорк со 100:91, а најефикасен на мечот беше Виктор Оладипо со 24 поени.
 
Њу Орлеанс славеше во Феникс (120:114), а тимот до победата го предводеше Ентони Дејвис со двоен ефект од 26 поени и 17 скокови. Шарлот славеше над Вашингтон (101:87), а Бостон ја победи Филалдефија со 84:80. Филадлефија сеуште нема победа во сезоната, против Бостон го забележа 16-от пораз.