-->
-->
НБА: Кари сруши уште еден рекорд
-->
Најдобриот играч во НБА лигата, лидерот на шампионот Голден Стејт, Стеф Кари, е тема на денот во НБА лигата. Кари на Флорида, во триумфот на Голден Стејт над Орландо (130:114), го собори рекордот на Кајл Корвер, откако и на 128-от меч во низа постигна најмалку една тројка. Покрај Кари одлични индивидуални изданија имаа ѕвездите на Оклахома, Вестбрук и Дурент, најдобриот играч на Хјустон Харден и Босанецот Телетовиќ од Феникс.
Кари против Орландо уште еднаш ја демонстрираше неверојатната шутерска форма, тој погоди 20 од 27-те шутеви од поле (10/15 тројки), а натпреварот го заврши со 51 поен. Покрај соборениот рекорд на Корвер, Кари стана и првиот играч по Двејн Вејд и Леброн Џејмс од сезоната 2008/2009 кој во една сезона најмалку на три натпревара постигнал 50 и повеќе поени.
„Не знам дали овој рекорд е значаен, бидејќи ова е премногу лесно за него. Тој погодува тројки како да шутира за два поена. Тоа е тој. Стигнавме до точка кога очекуваме дека ќе започне да шутира од половина терен“, рекол по натпреварот во Орландо, тренерот на Голден Стејт, Стив Кер.
Џејмс Харден постигна 46 поени и беше најзаслужниот за победата на Хјустон во Портланд (119:105). Хјустон до триумфот стигна иако во третата четвртина имаше негатива од 21 поен. Харден и друштвото во второто полувреме постигнаа 70 поени.
Бекот на Портланд, Демијан Лилард, на овој меч ја прекина серијата од пет последователни натпревари на кои постигнуваше најмалку 30 поени. Лилард на вечната клупска листа го дели првото место со Џеф Петри. Против Хјустон тој постигна 23 поени.
Њу Орлеанс славеше над Оклахома (123:119) иако двоецот на гостите Вестбрук-Дурент заедно постигна 76 поени. Њу Орлеанс до победата го предводеа Ентони Дејвис со 30 поени и Рајан Андерсон кој постигна 26 поени. Кај Оклахома Вестбрук реалзираше 44, а Дурент 32 поени.
Јута загуби од Сан Антонио (78:96). Одлично индивидуално издание на овој меч имаше крилото на Спарси, Кави Ленард кој постигна 29 поени.
Бруклин славеше над Феникс во дуелот на тимовите кои го имаат најлошиот скор во лигата. Бојан Богдановиќ со 24 поени го предводеше Бруклин до победата 116:106. Кај Феникс се истакна Мирза Телетовиќ со двоен ефект од 30 поени и 11 скокови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација