Кошарка
25. March 2021 - 10:51

НБА: Јута му одржа лекција на Бруклин

Убедливите порази на Бруклин Нетс и Денвер Нагетс, ја обележаа ноќта во НБА лигата. Бруклин, се поразени кај лидерот во лигата, Јута Џез, додека Денвер доживеаја изненадувачки пораз од Торонто Репторс.
 
Јута го прегази „вториот“ тим на Бруклин со 111:88. Лидерот, голема работа околу конечниот резултат заврши во првиот период, кој го доби со 38:17. Бруклин, од друга страна, без најдобрите играчи немаше што да бара во Солт Лејк сити. Нетс на овој натпревар настапија без Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Кевин Дурент, Блејк Грифин.
 
Донован Мичел ја предводеше Јута со 27 поени, по 18 поени постигнаа Бојан Богдановиќ и Мајкл Конли. Кај Бруклин се истакна Ализ Џонсон со 23 поени.
 
Јута има скор од 32 победи и 11 порази, додека Бруклин со 30 победи и 15 порази се наоѓаат на третата позиција во Источната конференција.
 

 
Торонто го прегази Денвер со 135:111 со што ја прекина серијата од девет порази, за Денвер ова беше првиот пораз по шестте победи во низа.
 
Џамал Мареј и Никола Јокиќ постигнаа по 20 поени за Денвер, српскиот центар имаше и 10 скока и пет асистенции. Кај Торонто се издвоија Паскал Сијакам со 27 поени, осум скока и шест асистенции и Ог Ануоби со 23 поени.