Кошарка
19. December 2018 - 16:18

НБА: Јокиќ подобар од Дончиќ

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер го добија дуелот против Далас 126:118 и ја задржаа челната позиција во Западната конференција.

Јокиќ доминираше на двете страни во рекетот и за помалку од 35 минути постигна 32 поени, на кои придодаде 16 скока, четири асистенции и две украдени топки. Дабл-дабл од 23 поени, 12 скока и шест асистенции, запиша и играчот на Далас, Дончиќ.

Во седмиот последовен триумф на домашен терен кај Денвер се истакна и Џамал Мареј (22 поени, седум скока, 13 асистенции).

Кај Далас одличен беше и Херисон Барнс кој со 30 поени го предводеше тимот.

Денвер има скор од 21 победа и девет порази, а Далс е на 15/14.