-->
-->
НБА: Јокиќ подобар од Дончиќ
-->
Никола Јокиќ го реши дербито во НБА лигата во кое Денвер Нагетс ги победија Далас Маверикс 107:106. Србинот погоди по соло-акција во рекетот и го постави конечниот резултат.
Пресметката во тексас беше интересна поради дуелот на Јокиќ со опонентот од Далас Лука Дончиќ.
Јокиќ не постигна ниту еден поен во првиот период, блескаше во третата четвртина кога на Маверикс им уфрли 21 кош. На крајот Србинот заврши со 33 поени, шест скока и седум асистенции.
На спротивната страна Дончиќ за еден скока остана без трипл-дабл (27 поени, девет скока, 10 асистенции).
Во Атланта, Хјустон Рокетс славеа против Хокс 122:115. Џејмс Харден забележа трип-дабл со 41 пое и по 10 скокови и асистенции. Половина од поените „Брадата“ ги постигна од линијата за слободни фрлања (19/23). Блескаше кај Хјустон и Клинт Капела со монструозен дабл-дабл од 22 поени и исто толку скокови.
Кај Атланта се истакна Тре Јанг кој ги засени Харден и Капела, но не можеше сам да извлече победа. Јанг забележа 42 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Резултати:
Голден стејт-Милвоки 98:107
Јута-Њујорк 128:104
Њу Орлеанс-Чикаго 123:108
Шарлот-Торонто 110:112
Бостон-Сан Антонио 114:129
Индијана-Мајами 108:122
Орландо-Вашингтон 123:89
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација