Кошарка
28. January 2020 - 11:39

НБА: Историски пресврт во Минесота

Кошаркарите на Сакраменто Кингс со неверојатен пресврт, кој долго ќе се прераскажува, славеа во Минесота, против Тимбервулвс со 133:129.

Кингс на две и пол минути до крајот на мечот имаа негатива од 17 поени, сепак успеаја да ја стигнат предноста на противниците, а потоа и да победат во дополнителните пет минути. Кингс во еден период од третата четвртина имаа негатива и од 27 поени.

Играчите на Сакраменто со нестварна серија на 30 секунди до крајот се доближија на негатива од три поени. Нападот на Минесота не успе да го реализира Ендру Вигинс.

Диерон Фокс од линијата за слободни фрлања на 4,7 секунди до крајот го погоди првото, а намерно го промаши второто слободно, но успеа да фати офанзивен скок и да поентира за продолженија.

Во дополнителните пет минути Кингс беа подобри во пенал завршницата.

Бади Хилд постигна најмногу шоени на мечот 42. Покрај него кај Кингс се истакнаа Диерон Фокс со 22 поени, односно Немања Бјелица со 20 поени, девет скока, осум асистенции, три блокади и две украдени топки.

Вигинс на спротивната страна постигна 36 поени, на кои придодаде девет скока и осум асистенции.

 

Најмногу поени изминатата ноќ постигна бекот на Хјустон Рокетс, Ерик Гордон. Тој со 50 поени го предводеше својот тим до победата во Солт Лејк Сити, против Јута Џез 126:117.

Гордон во отсуство на Џејмс Харден, Гордон го одигра најдобриот меч во кариерата. До овој меч најмногу поени постигнал пред 11 години, кога на Детрот им испорачал 41 поен.

Одлични партии кај Јута пружија Донован Мичел кој постигна 36 поени, односно Бојан Богадановиќ кој реализира 30 поени.

Поразот од Хјустон е трет за Јута на последните 22 натпревари.

 

Резултати:

Детроит-Кливленд 100:115
Мајами-Орлансо 113:92
Чикаго-Сан Антонио 110:109
Оклахома-Далас 97:107