Кошарка
5. April 2017 - 12:52

НБА: Хрватски фанови го навредуваа Србинот Јокиќ

Хрватски навивачи со истакнато хрватско знаме го навредуваа српскиот НБА кошаркар Никола Јокиќ за време на дуелот Денвер - Њу Орлеанс извикувајќи „четник, четник“. 

Кога репортерката од телевизијата која врши пренос го праша еден од навивачите дали знамето е српско и што скандираат, извесен Марк рече дека скандира „четник“ што би требало да биде позитивна особина за еден Србин. 
Веднаш потоа вклучувањето беше прекинато.