Кошарка
4. March 2016 - 9:16

НБА: Г.Стејт ја совлада и Оклахома

Шампионот Голден Стејт забележа уште една убедлива победа во НБА лигата и тоа против еден од главните ривали Оклахома со 121-106 со што ја остварија 44. победа во серија на свој терен и го израмнија рекордот на Чикаго Булс од 1995г.

Кари постигна 33 поени а Томпсон 21 за победничката екипа која го оствари 55. триумф вкупно во првенството во кое го брани шампионскиот трофеј.