Кошарка
17. January 2017 - 9:29

НБА: Голден Стејт не го „признава“ шампионот!

Екипата на Голден Стејт Вориорс го добија вториот дуел во сезоната против актуелниот шампион Кливленд Кавалирс со 126:91, нанесувајќи го најубедливиот пораз за Леброн и другарите во оваа натпреварувачка година.

Триото Клеј Томпсон (26 поени), Кевин Дурант (21 поен) и Стеф Кари (20 поени) функционираше беспрекорно. Додека, пак, на спротивната страна „Кралот" Џејмс уфрли 20 коша, а зад него следуваше втората ѕвезда во тимот, Кајри Ирвинг со 17 поени.

Покрај тоа што е овосезонски најголем пораз за Кливленд, оваа разлика од 35 поени значи и израмнување на рекордот за највисока изгубена утакмица во кариерата на Леброн Џејмс.

Лос Анџелес Клиперс, пак, исто така пред своите фанови немаа проблеми против Оклахома и победија со 120:98. Вестбрук забележа 24 поени, но, не успеа да оствари ниту дабл-дабл учинок, нешто што не навикна во оваа сезона.

НБА
Бостон – Шарлот 108:98
Голден Стејт – Кливленд 126:91
Феникс – Јута 101:106
ЛА Клиперс – Оклахома 120:98