Кошарка
20. April 2016 - 12:54

НБА го додели признанието на надобрата „резерва“

Кошаркарот на ЛА Клиперс, Џамал Крафорд, повторно ја освои наградата за најдобар шести играч во НБА лигата.
 
Крафорд (36) оваа награда ја добива третпат во кариерата, а воедно го собори сопствениот рекорд,како највозрасен играч кој ја добил наградата за најдобар „шести“ играч во лигата.
 
Бекот на Клиперси оваа награда ја освои пред Андре Игуадала (Голден Стејт) и Енес Кантер (Оклахома).
 
Џамал Крафорд оваа сезона во просек бележел по 14,2 поени и 2,3 асистенции за 26,9 минути минати на теренот