Кошарка
6. јуни 2016 - 8:20

НБА - финале: Нова победа за шампионот Голден Стејт (2-0)

Кошаркарите на шампионот Голден Стејт поведоа со 2-0 во дибиен натпревари во финалето на НБА против Кливленд. Тие ноќеска во вториот дуел на домашен терен славеа триумф со 110:77 (19:21; 33:23; 30:18;28:15). Г. Стејт е прв тим кој во финалето по 2009 година и дуелот ЛА Лејкерс - Орландо има водство од 2-0.

Најдобар играч на теренот беше Дрејмонд Грин со 28 поени (5 тројки), додека Стеф Кари заврши со 18, а Клеј Томсон со 17 поени.
Кај Кливленд Леброн Џејмс имаше 19 поени.
Следниот натпревар се игра на теренот на Кливлнед на 8.јуни (среда кон четврток навечер).