Кошарка
3. May 2018 - 11:48

НБА: Џез во Хјустон, Јута израмни во плеј-офот

Кошаркарите на Јута направија брејк во Хјустон совладувајќи го во вториот меч домашниот тим со 116-108 во полуфиналето од западната конференција. 

Инглс со 27 поени и дебитантот Мичел со 17 поени и 5 скока. 
Инаку уште по втората четвртина Јута имаше предност од 19 поени, но Хустон успеа до крајот на третата четвртина да стигне на 1 поен но немаше решение за Инглс кој ја врати предноста на +12 и најави драматично полуфинале на западот.