Кошарка
13. December 2016 - 9:58

НБА: Драмата за „клиперси“

Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа над Портланд 121:120 во најдраматичниот меч одигран изминатата ноќ во НБА лигата
 
Клиперси имаат 17 победи од почетокот на сезоната, а Портланд го забележа 13-от пораз. Блејк Грифин постигна 26 поени, а Крис Пол имаше учинок од 21 поен и 14 асистенции во победничкиот тим, додека Си Џеј Мекалум и Демијан Лилард со 25, односно 24 поени го предводеа тимот од Орегон.
 
Горан Драгиќ постигна 34 поени, а Хасан Вајтсајд имаше учинок од 17 поени и 16 скокови во триумфот на Мајми над Вашингтон 112:101. Во тимот од престолнината на САД се истакнаа Џон Вол со 30 и Бредли Бил со 29 поени.
 
Торонто убедливо го порази Милвоки 122:100. Демар Дерозан со 30 поени го предводеше Торонто, ист број на поени постигна на спротивната страна Јанис Атентокумпо, а три помалку уфрли Џабари Паркер.
 
Индијана славеше над Шарлот 110:94, Хјустон го победи Бруклин 122:118, а Сакрамнето триумфираше над ЛА Лејкерси 116:92.
https://