Loading Video...
Кошарка
20. March 2018 - 19:40

НБА: Денвер го губи чекорот за плеј-офот

Ноќеска во НБА лигата највозбудливо беше во Мајами каде домаќинот славеше дури по две продолженија. 
Кошаркарите на Денвер иако силна ја посакуваа победата на гостувањето во Мајами сепак не остварија успех кој би ги оставил со големи шанси за учество во плеј-офот.  Мечот беше решен во две продолженија откако Јокиќ на 10 секунди до крајот го израмни резултатот. 
Откако по првото продолжение немаше победник на сцена стапи домашниот бек Џонсон кој со серија од 10 поени донесе победа за својот тим од 149-141. Џонсон постигна вкупно 31 поен од кои дури 18 во двете продолженија. Добро играше и Горан Драгиќ кој уфрли 20 поени додека кај Денвер доминираше Јокиќ со 34 поени и 14 скока.