Кошарка
16. May 2018 - 11:57

НБА: Бостон поведе со 2-0 против Кливленд

Уште една одлична партија на Бостон против Кливленд и втора триумф од 107-94 во серијата до 4 победи. 

На Коњаниците не им помогна ниту одличната партија на Леброн Џејмс кој постигна 42 поени со 12 асистенции и 10 скокови.
Сепак одлучи тимската игра на Бостон каде Браун забележа 23 поени додека Хорфорд стигна до 15 поени и 10 скока. 
Серијата се сели во Охајо каде Кливленд ќе се обиде да го искористи домашниот терен.