Кошарка
14. March 2018 - 10:11

НБА: 100-ти трипл-дабл за Вестбрук

Продолжува извонредната сезона на кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук кој на средбата проти Атланта од 119-107 го забележа 100-тиот трипл-дабл во кариерата.

 Расел Вестбрук  стана четвртиот играч во историјата со најмалку 100 трипл-дабл оставрувања во кариерата.

Вестбрук мечот го заврши со 32 поени и по 12 скока и асистенции. Пред него на вечната листа се уште Оскар Робетсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).

 

https://