Балкан
29. November 2019 - 15:11

Назначен новиот шеф на ЕУЛЕКС мисијата на Косово

Ларс Гунар Вигемарк ќе биде новиот шеф на мисијата ЕУЛЕКС на Косово од први декември, соопшти европската служба за надворешни работи.

Вигемарк ќе биде задолжен да им помага на косовските институции во реформите во владеењето на правото како и да постигнат поголема ефикасност, одржливост, одговорност, и ослободување од политичко и партиско влијание, во согласност со европските правила.

Мандатот на Вигемарк трае до 14 јуни 2020.

Новиот шеф на мисијата е шведски државјанин, претходно бил шеф на ЕУ делегацијата во Босна и Херцеговина и во Пакистан.

ЕУЛЕКС е најголемата цивилна мисија на Европската Унија, воспоставена во 2008 година.