Македонија
11. December 2016 - 8:48

Навреме отворени избирачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Сите 167 избирачки места во Куманово се отворени навреме и гласањето се одвива непречено, информираше претседателот на ОИК Ненад Саздевски.

 
Во Куманово се евидентирани вкупно 90.848 гласачи, од кои 89.427 гласаат во втората Изборна единица, а 1.421 лице гласаат во ИЕ3.
Во Липково право на  глас имаат  вкупно 24.348 лица на 36 избирачки места. Гласачките места се отворени навреме во седум чaсот изутринава, соопшти Љирим Јашари, претседател на ОИК Липково.
 
И во општина Старо Нагоричане гласањето се одвива непречено на 37 избирачки места, а право на глас имаат  3.462 гласачи.