Фудбал
19. October 2015 - 13:56

Навредил селектор и добил затворска казна

Фудбалерот на ОАЕ, Абдула Касем е осуден на три месеци затвор бидејќи го навредил селекторот на репрезентацијата Махди Али. 

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, Касем го критикувал Али и при тоа непристојно гестикулирал, незадоволен бидејќи не бил  повикан во националниот тим.  Целиот настан бил снимен од уште еден фудбалер на Ал Дафра чие име не е објавено а ккој исто така е осуден на три месеци затвор.