Научник од Оксфорд: Вакцината е подготвена, создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација
Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека вакцината против корона не е штетна и создава имунолошки одговор.
„Во фаза три, бројот на луѓе е проширен на 30.000 со оксфордската вакцина“, изјави Рамадан за ХРТ.
Тој изјави дека и постарите луѓе ќе бидат заштитени.
„Сега чекаме податоци за ефикасноста на вакцината во спречување на заболување од ковид. Постојат 2 параметри што сакаат да ги постигнат со вакцината, а тоа е да заштитат од најтешките форми на болеста и од морталитет”, коментира Рамадан, додавајќи дека фазата 3 покажала дека и постарите луѓе даваат имунолошки одговор на вакцината.
„Според сите параметри, вакцината најверојатно ќе ја заштити постарата популација од тешки инфекции“, коментира тој.
Тој додаде дека вакцината првично нема да биде достапна на глобално ниво, туку само за најранливите групи и здравствените работници кои се во директен контакт со заразените. Тој рече дека вакцините ќе им бидат доставени до католичкиот Божик.
„Вакцината е подготвена, не е штетна и создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација. Останува да видиме дали има ефект да нè заштити од тешкиот развој на болести и смрт“, рече Рамадан.
Тој потенцираше дека првата вакцина нема да биде совршена, но важно е да се надмине оваа тешка состојба и да се ублажат последиците од болеста.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација