Живот
7. јуни 2017 - 16:11

Научници тврдат дека водата всушност има кисел вкус

Иако постои општо прифатено мислење дека водата е течност без мирис и вкус, научници од Универзитетот „Калтек“ предводени од професорот Јуки Ока, тврдат дека водата всушност има вкус и дека тој е киселкаст. 

Тимот на научници кои работеле на ова истражување ги проучувале сетилата на јазикот на глувците, при што дошле до заклучок дека тие на вода реагираат како и останатите течности со кисел вкус. 

Продолжувајќи со истражувањето тие предлагаат водата да добие свој сопствен вкус напоредно со веќе познатите вкусови за слатко, кисело, солено, горко и зачинето.

Професорот Ока вели дека постои биолошка причина поради која телото веднаш го регистрира единствениот вкус на водата и дека тоа не е само интересна коинциденција.