Македонија
15. јуни 2016 - 8:29

Научна средба за лобирање во Македонија, Србија и Црна Гора

Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ја организира четвртата научна средба на тема „Интересни групи и лобирање во Македонија, Србија и Црна Гора“.

На научната средба, што ќе се одржи во Институтот, ќе бидат презентирани податоци од истражувањето реализирано како дел од студискиот престој на проф. д-р Анета Цекиќ на Универзитетот во Салзбург, Австрија.

Според програмата, ќе се обратат проф. д-р Мирјана Борота-Поповска и проф. д-р Ганка Цветанова од ИСППИ, Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Република Македонија. Предвидено е да се обратат и претседателот на Бизнис конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков,  Драге Јованоски од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија и Јован Близнаковски, програмски директор на Институт за демократија „Социетас цивилис“- Скопје.