Македонија
20. March 2023 - 19:51

Научен симпозиум во ФОН по повод 20тиот јубилеј на универзитетот

Образованието да се реформира  согласно новите предизвици со кои се соочува денес светот. Војната во Украина и секојдневните хибридни напади покажаа дека инвестирањето во свеста за сајбер безбедноста не е трошок туку е можност да се превинираат проблемите кои прозлегуваат од овие сајбер напади. Вицепремиерката Грковска истакна дека сите институции  треба поагилно да се вклучат во процесот за општеството побрзо да се адаптира и да реагира соодветно на овие предизвици.

Во Универзитетот ФОН се одржа  научен симпозиум на кој беа присутни експерти од областа на геополитиката, дигиталната технологија, сајбер безбедноста од Европа и светот. Експертите ова го гледаат како одлична можност Македонија да стане лидер во регионот кој е многу подложен на  хрибридни напади.

Универзитетите имаат потреба од реогранизација, со поиновативни методи а за тоа е потребно да се инвестира пред се во стручен кадар и експертиза од повеќе области. Токму универзитетот ФОН кој одбележува јубилеј од 20 години се наметна како институција која одигра важна улога како потребна конкуренција на државните универзитети.

По повод јубилејот на ФОН кој пред 3 години стана Американски универзитет на Европа се одржа овој научен меѓународен симпозиум на тема „Високото образование во ерата на дигиталната технологија, на кој како панелисти учествуваа владини претставници, експерти, амбасадори, професори од високоразвиените земји.