НАТО загрижен поради трупање на руски сили
Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг денеска изрази загриженост поради трупање на руска воена сила на подрачјето од Балтичко до Средоземно Море и апелираше Алијансата да осмисли одговор на тоа.
Тој наведе дека Русија ги концентрира своите воени сили во Калининград, на Црно Море и во источниот дел на Медитеранот, од каде пружаат поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Столтенберг во Португалија, каде се одржува воена вежба на НАТО изјави дека некои експерти веруваат дека трупањето на руски сили би можело да доведе до тоа Русија да се оспособи да го ограничи пристапот на НАТО во одреден и региони.
- Мораме да бидеме способни да ја пресретнеме таквата можност за да можеме да ги зајакнеме своите сили и да бидеме во движење, а и да распоредиме сили доколку биде потребно, посочи Столтенберг
Ново на Сител
-
Николовски со писмо до Мицкоски: Овозможете донесување на земјоделските закони
-
Наредните денови стабилно, во недела пороен дожд и грмежи
-
Самит „Македонија 2025“: Регионалната соработка, мирот и инвестирањето во образованието клучни во овие тешки времиња
-
Блиц: Пронајдено телото на Матеј Периш, гардеробата на телото одговара со описот на гардеробата која ја носел
-
Русија: Од Азовстал досега се предадоа 959 украински војници
-
Почна Самитот „Македонија 2025“
-
Почина поранешниот германски кошаркар Окулаџа
-
Шаќири најплатен фудбалер во американската МЛС лига