Македонија
2. August 2017 - 14:04

НАТО го поздрави Договорот меѓу Македонија и Бугарија

Го поздравуваме Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што на 1 август го потпишаа премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев, изјави заменик-генералниот секретар на НАТО Роуз Готемeлер.

- НАТО го поздравува духот на соработка што го направи можно потпишување на Договорот. Тој договор е важен настан во создавањето на позитивни односи во регионот со поглед кон иднината. Неговата примена ќе придонесе за безбедноста на Балканот, која е во интерес на сите, посочи заменик генералниот секретар на НАТО Готемелер.