Македонија
25. May 2016 - 17:24

Наталитетот паднал за 0,8 проценти во првиот квартал во споредба со лани повеќе бракови, но и повеќе разводи

Во Македонија има и помалку умрени но и помалку живородени оваа година. За разлика од овој период лани, годинава морталитетот се намалил за 7.0 %. Бројот на умрените лица е 5 495 лицa, а од нив 61 се умрени доенчиња. Според Статистика наталитетот е зголемен за   5 537, но оваа бројка е за 0.8 намалена од лани истиот период. Ако се погледне неколку годишната статистика се забележува континуитет од во намалувањето на бројот. Во Скопје како најнаселен град има и најмногу родени и најмногу умрени. Најмногу се раѓало во Општина Чаир каде се родени 275 деца. По него, најголем прираст има во Тетово 266 што во споредба со умрени е речиси двојно повеќе. Во Куманово 268 но бројот на морталитет е 287, во Битола пак  се евидентирани 253 живородени деца но затоа пак смрттноста е поголема и изнесува 327. Во Македонија се зголемува бројот на склучени бракови но и разводи. За разлика од лани во првото годишно тримесечие, годинава се склучени   12, 1 отсто повеќе бракови истиот период или 2760.  Но колку што бројот на сопружници расте двојно повеќе се евидентираат и  разводи. Од почетокот на годинава до крај на март се развеле 664 парови, што е повеќе за 20,5 отсто од лани. Според резултатите  може да се забележи дека големите градови се рекордери во статистиката. Во главниот град има најголем број на разводи за три месеци дури 173, што е повеќе од лани а бројот на бракови е само три пати поголем, односно евидентирани се  582.Општината каде се бележи најголем број законски сопружници е Чаир, додека во Центар има најмногу разведени. По Скопје, најмногу бракови се склучени во Тетово 158  а по него е градот  Гостивар  со 143. Најмногу брачни несогласувања кои резултирале со развод имало во Битола 55 потоа во Прилеп и Гостивар.